Достапни линкови

Рикер добитник на наградата за лидерство


Институтот за Демократија и Развој соопшти дека Наградата за Лидерство за 2010 година решил да му ја додели на aмбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер. Оваа традиционална награда се доделува на истакнати јавни личности или институции кои се ценат дека покажале посебни резултати и истакнато ангажирање во демократската консолидација и процесот на реформи на Република Македонија. Советот за доделување на Наградата за Лидершип, како што стои во соопштението, смета дека за време на 2010-та година амбасадорот Рикер и неговиот тим покажале вредности на еден посебен лидершип во смирување на политичките тензии, превенцијата на појавување на насилството на политичката сцена, поддржувајќи ја земјата да ги идентификува своите приоритети во агендата на реформите, како и во насочувањето на фокусот во градењето на демократските вредности за една модерна држава во ова сензитивно време за земјата.
Наградата на амбасадорот Рикер ќе му биде додела на 5 мај годинава во кампусот на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Тетово.
XS
SM
MD
LG