Достапни линкови

Во Сирија се очекуваат нови протести


Сириските активисти изјавија дека планираат да одржат нови протести против режимот на претседателот Башар Ал Асад денеска. До демонстрациите доаѓа по еден ден отако неговиот режим формално го укина спорниот закон за вонредни сосотојби кој беше на сила последните педесет години. Групите за човекови права изјавија дека денешниот однос на владат а кон демонстрациите ќе биде тест за патот на Сирија кон реформите. Сириските активисти изјавија дека правилата формално завршија но бараат и други реформи, вклучително и ослободување на политичките затвореници. Групите за човекови права соопштија дека најмалку двесте лица загинале во судирите со безбедносните сили од почетокот на протестите во март.
XS
SM
MD
LG