Достапни линкови

logo-print

Времето денеска ќе биде променливо сончево


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во западните и крајните североисточни делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за грмежи.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност попладне. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
XS
SM
MD
LG