Достапни линкови

Првата зграда од пилот проектот на УСАИД за енергетска ефикасност беше ставена во употреба во населбата Автокоманда.

Главна цел на проектот е да покаже дека инвестициите во енергетска ефикасност можат да ја намалат потрошувачката на енергија и трошоците на семејствата со ниски примања во земјава, како и да го подобрат нивниот живот. Жителите на зградата се задоволни од проектот и
Никогаш ова реновирање не ќе можевме да го направиме, без нивна помош, затоа што овде сите не сме ситуирани како што треба, зградата буквално се распаѓаше, 50-60 години е стара, а сега топлината ја осеќаме годинава, подобро е. Заштеда, и тоа голема заштеда.
очекуваат да им се намалат сметките за струја.

„Никогаш ова реновирање не ќе можевме да го направиме, без нивна помош, затоа што овде сите не сме ситуирани како што треба, зградата буквално се распаѓаше, 50-60 години е стара, а сега топлината ја осеќаме годинава, подобро е. Заштеда, и тоа голема заштеда.“

„Задоволни сме како не, ова го нема никаде.“

„Ни дадоа економични сијалици по три во секој стан. Тие сијалици многу малку трошат, а даваат убава светлина и по ходниците така направија.“

„Ќе се почувствува на сметките за струја.“

Со помош на УСАИД реконструирана зграда во Автокоманда

Американскиот амбасадор Филип Рикер вели дека енергетската ефикасност не само што ќе им помогне на граѓаните кои живеат во зградите, туку и ќе создаде нови работни места во сродните индустрии.

„Тука сум да зборувам за еден извонреден проект со кој ќе им се сменат животите на луѓето. Се надеваме дека македонските граѓани ќе заштедат пари и енергија и да бидат покомфорни во нивните домови.“
Се надеваме дека на македонските граѓани ќе заштедат пари и енергија и да бидат покомфорни во нивните домови

Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека за Македонија ваквите проекти се пример како може да се подобри животот на граѓаните.

„Македoнија добива од повеќе аспекти, значи од енергетски аспект, заштеда на енергија, од аспект на природна средина, од социјален аспект, бидејќи овој проект се финансираше во средина каде луѓето се со ниски приходи и од економски аспект затоа што се вклучувааат повеќе локални компании за реконструкција на вакви проекти.“

Проектот чини 750 илјади долари, а во тек е реконструкцијата на уште по една зграда во Скопје и Куманово.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG