Достапни линкови

logo-print

Охрид подготвен за туристи за Велигден


Согласно интересот и направените резервации, во Охрид се очекуваат голем број туристи за велигденските празници.

Четирите неработни денови за нашите граѓани, поклопувањето на православниот и католичкиот Велигден, привлечноста на Охрид како втор Ерусалим на Балканот и сончевата прогноза, се очекува да донесат неколку илјади гости на охридското крајбрежје за велигденското празнување. Хотелиерите и туристичките работници велат дека празничните аранжмани во најголема мера се откупени од Грците, кои на ривиерата се чести гости
Интерес има, јавувања има, извршени резервации има, потврдување на најавите има, што значи треба да очекуваме за Велигденските празници гости од Балканските земји, од Грција, Бугарија, Србија, Албанија.
пролетва, што наликува на старите добри времиња кога тие доаѓаа за сите нивни поголеми државни и верски празници, а туристи ќе има и од другите земји од соседството.

„Интерес има, јавувања има, извршени резервации има, потврдување на најавите има, што значи треба да очекуваме за велигденските празници гости од балканските земји, од Грција, Бугарија, Србија, Албанија. Очекуваме задоволителна посетеност, со што ќе се раздвижи градот и ќе има посетеност и во другите угостителски објекти и низ културно-историските споменициниз Охрид. Се очекува капацитетите да бидат искористени со повеќе од 60 проценти, што значи дека во хотелите ќе има повеќе од три илјади гости од регионот“, вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.

Плаошника едно од најпосетените места за Велгиден

Иако, Велигден се смета за семеен празник кој вообичаено се слави дома, христовото воскресение во многубројните охридски цркви, чаршијата и објектите на ривиерата години наназад носи многу верници од државава и странство кои се восхитуваат на древната историска духовност на овие простори.

„За време на велигденските празници, нашите капацитети се комплетно распродадени. Најголем дел од гостите се од Бугарија и Србија, кои традиционално се наши најредовни посетители. Исто ќе биде и за
Почнувајќи од први мај па натаму, очекуваме во нашиот регион да имаме меѓу 1.000 и 1.500 странски гости кои ќе престојуваат дневно, што за нас ќе значи многу како дестинација, а посебно и за посетеноста на нашите гости од Макединија.
првомајските празници, кога пак ќе бидеме комплетно исполнети“, вели Јован Котоски од хотелот „Сончева порта“.

Претсезоната во Охрид веќе бележи туристичка посетеност, со различни групни и интересни индивидуални гости, меѓу кои има од Европа, прекуокенаските земји и Далечниот Исток. Од локалната самоуправа и хотелскиот сектор велат дека градот е подготвен за туристите и најавуваат подобра летна сезона од ланската.

„Почнувајќи од први мај па натаму, очекуваме во нашиот регион да имаме меѓу 1.000 и 1.500 странски гости кои ќе престојуваат дневно, што за нас ќе значи многу како дестинација, а посебно и за посетеноста на нашите гости од Макединија. Затоа што кога градот е полн и убав, кога работат сите ресторани и кафетерии, сликата што ја испраќаме до останатите во нашата држава и регионот е позитивна и автоматски бројот на туристите сметаме дека ќе се зголемува“, вели Танески.

Според него, бум ова лето ќе бидат Холанѓаните, Финците и Русите, кои со чартер летови ќе доаѓаат во Охрид. Инаку, цените се на ланско ниво, па ноќевање во приватниот сектор чини од 5 евра па нагоре, а сместувањето во хотелите од 10 до 70 евра, зависно од категоријата на објектот и должината на престојот на гостите.
XS
SM
MD
LG