Достапни линкови

Бугарија испраќа фрегата во либиските територијални води


Бугарската фрегата „Дрски“ од 27 април ќе им се придружи на НАТО силите во либиските територијални води, соопшти министерот за одбрана Ању Ангелов. Според него, фрегата е подготвена да учествува во мисијата уште денеска, но бугарските НАТО партнери одлучиле воениот брод да пристигне по велигденските празници. Фрегатата ќе учествува како поддршка во операцијата за ембарго на увозот на оружје во Либија. Ангелов потсети дека учеството на „Дрски“ во Либија ќе ја чини државата околу 750.000 евра, а ќе финансира ресорното Министерство. Во екипажот на фрегатата се наоѓаат 160 лица, на кои ќе им бидат плаќани дневници од околу 52 евра.
XS
SM
MD
LG