Достапни линкови

logo-print

Фејт: Косово наскоро без надзор


Питер Фејт

Питер Фејт

Шефот на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина Питер Фејт денеска изјави дека северниот дел на Косово нема да се одвојува и изрази уверување во напредокот во овој дел од земјата „или со дијалог или со други средства“. „Северот ќе остане на Косово. Ние сме со властите да работат со граѓаните и сигурен сум дека ќе постигнеме напредок, или со дијалог или со други средства“ рече Фејт. Тој изјави дека меѓународната мисија на Kосово не треба да остане повеќе од потребното, проценувајќи дека надгледуваната независност на Косово наскоро ќе заврши. Фејт, исто така, додаде дека нема да ги попречува уставните промени, бидејќи тоа е работа на пратениците во Парламентот.
XS
SM
MD
LG