Достапни линкови

logo-print

Исплатени 2,2 милиона евра земјоделски субвенции


Macedonia -- A farmer ploughs his field with a donkey on the outskirts of the city of Veles, 17Mar2010

Macedonia -- A farmer ploughs his field with a donkey on the outskirts of the city of Veles, 17Mar2010

Вкупно 2,2 милиона евра субвенции за поддршка на земјоделството исплати денеска Министерството за финансии, од каде тврдат дека парите се веќе легнати на сметка на земјоделците по три основи: растително производство, сточарско производство и органско земјоделско производство. За растително производство се префрлени 51,8 милиони денари од кои најголем дел, околу 37, 8 милиони, за поледелски култури. Во оваа група се исплатени и средства за лозови и овошни насади. На сточарите им се наменети 76 милиони денари, најмногу за произведено и продадено кравјо млеко, 60 милиони денари.
XS
SM
MD
LG