Достапни линкови

logo-print

Првата жена од Словенија вработена во ЕП го замени Зоран Талер


зградата на европскиот парламент

зградата на европскиот парламент

Мојца Клева од Социјалистичко демократската партија на Словенија ќе го замени во Европскиот парламет Зоран Талер, кој поради корупциски скандал поднесе оставка од функцијата европратеник. Преземањето на европратеничкото столче, не значи и дека Мојца Клева ќе го замени Талер во сите задолженија кои ги извршуваше во ЕП, меѓу кои и долгогодишен известувач за Македонија, јавија медиумите. Клева припаѓа на младата генерација членови на Европскиот парламент. Родена е на 30 март 1976 година, а уште од студенските години активно учествува на словенечката политичка сцена. Во нејзината биографија е наведено дека е првата жена од Словенија вработена во Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG