Достапни линкови

Лукашенко се заложи за уништување на петоколонашите


Александар Лукашенка на говорницата во белорускиот Парламент

Александар Лукашенка на говорницата во белорускиот Парламент

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска се заложи за уништување на „петоколонашите“ кој се противат на неговото владеење. „Ќе ги уништиме петоколонашите или шестоколонашите или дваесет и петоколонашите . Имаме доволно ресурси да го сториме тоа. Тоа не значи дека диктатор се обидува да го уништи општеството или да воспостави диктаторство во центарот на Европа“ рече Лукашенко во обраќањето во парламентот. Говорот на Лукашенко се случува во услови на влошена економска состојба во Белорусија и неполни две недели по бомбардиртањето во метрото во Минск при кое загинаа 13 лица. Лидерот и претходно обвини недефинирани сили и за лошата економија и за нападот во метрото.
XS
SM
MD
LG