Достапни линкови

Нигерискиот лидер предупредува од граѓанска војна


Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан во денешното обраќање до нацијата изјави дека постизборните насилства наликуваат на оние кои во 1967 година доведоа до граѓанска војна во оваа најнаселена африканска земја која е поделена меѓу христијанскиот богат југ и сиромашниот муслимански север. Насилствата избувнаа деновиве откако беше соопштено дека Џонатан го победил неговиот муслимански ривал на претседателските избори. Црвениот Крст соопшти дека поради нередите скоро 40 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат домовите.
XS
SM
MD
LG