Достапни линкови

Пејачот Мишел Мартели, нов претседател на Хаити


Пејачот Мајкл Мартели, познат како Свит Мики, победи на претседателските избори на Хаити, потврдија конечните резултати од вториот круг на изборите одржан на 20 март. Тој добил над 67 насто од гласовите пред неговата ривалка Мирланда Манига. Мартели ќе ја преземе должноста на 14 мај и, како што најави, ќе ја предводи обновата на неговата земја која во јануари лани беше опустошена од катастрофален земјотрес.
XS
SM
MD
LG