Достапни линкови

БП обвинува други за катастрофата во Мексиканскиот залив


Енергетскиот гигант Бритиш петролеум точно на една година од истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив покрена тужби против две други фирми, обвинувајќи ги за негрижа која довела до катастрофата. БП од Трансоушн, сопственик на нафтената опрема која на 20 април лани експлодираше бара оштета од 40 милијарди долари. Бритиш петролеум го обвини и Камерон Интернешнал, производителот на опремата која спречува истекување на нафатата. Парите би биле искористени за отстранување на штетите во Заливот.
XS
SM
MD
LG