Достапни линкови

Клинтон го осуди насилството во Сирија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска го осуди насилството во Сирија. Таа изјави дека САД е особено загрижен поради ситуцијата во Хомс затоа што извештаите укажуваат на насилство и жртви , но независна потврда нема затоа што на новинарите не им бил дозволен пристап. Според неофицијални податоци станува збор за убиени повеќе од 20 луѓе. Претходно, се одржаа протести во сирискиот град Баниас , каде што демонстрантите бараа претседателот Башар Ал Асад да се симне од власта.
XS
SM
MD
LG