Достапни линкови

logo-print

Изетбеговиќ: Приказните за трет ентитет во БиХ може да и наштетат на земјата


Бекир Изетбеговиќ и Нермин Никшиќ

Бекир Изетбеговиќ и Нермин Никшиќ

Приказните за формирање на трет ентитет во Босна и Херцеговина претставуваат драматична промена на Дејтонскиот договор, изјави вчера во Сараево членот на босанското Претседателство, Бакир Изатбеговиќ. Оваа изјава следи по мостарската седница на десетина политички партии на босански Хрвати кои побараа создавање на трет хрватски ентитет во БИХ. Изатбеговиќ додаде дека тој нереален пат може да ја доведе земјата до криза и оти никој од бошњачките политички лидери не е подготвен да разговара за тоа.
XS
SM
MD
LG