Достапни линкови

Именуван нов министер за внатрешни работи во Албанија


Сали Бериша

Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша за нов министер за внатрешни работи го именува досегашниот министер за правда Бујар Нишани, бидејќи актуелниот министер за внатрешни работи Лулзим Баша планира да учествува на локалните избори. Лулзим Баша поднесе оставка со цел да учествува во изборната трка за градоначалник на Тирана. На изборите Баша ќе се соочи со лидерот на Социјалистилката партија и актуелен градоначалник на Тирана Еди Рама, кој на изборите на 8 мај ќе се бори за својот четврти мандат. Премиерот Бериша не соопшти кој ќе го замени Нишани на функцијата министер за прадвда.
XS
SM
MD
LG