Достапни линкови

logo-print

Премиера на „Бесови“


Актерите Владо Јовановски и Ѓорѓи Јолевски во претставата Бесови

Актерите Владо Јовановски и Ѓорѓи Јолевски во претставата Бесови

На сцената на МНТ ќе се случи премиерата на „Бесови“ од Достоевски во режија на Златко Славенски.

Авторот на Бесови, Фјодор Михајлович, прави анатомски приказ на болна заедница, каде болните сакаат со болест да се ослободат од болеста. На крајот, како верига од болни настани, гратчето се запалува, а епилогот донесува повеќе трупови и од Хамлет. Што се однесува до самата претстава, тоа е визуелизирана драма на група луѓе кои копнеат да бидат подобри, или, во најмала рака, да се некои други. Но не им успева.
Она што најмногу не фасцинираше и инволвираше во целата работа е, како всушност вистинското творештво е навистина безвременско.

Ова ќе го забележи режисерот Златко Славенски во писанието од богатиот каталог за својата нова драма направена според романот на Достоевски од 1872 година, а по драматизација на Алберт Ками. На тој начин тој ја позиционира сопствената поставеност кон проектот за кој вели дека третира ситуација која замрзнува со својата актуелност.

„Она што најмногу не фасцинираше и инволвираше во целата работа е, како всушност вистинското творештво е навистина безвременско.“

Актерот Ѓорѓи Јолевски во претставата Бесови

Тој, притоа не го крие задоволството од остварената соработка со актерите и со МНТ како национална театарска куќа велејќи дека сите заедно се качиле во една сонда со која полетале кон еден свет кој е живописен и кој пред се контактира со публиката.

Во оваа претстава која почнува од влезот на театарот и која трае 3 часа и 40 минути без пауза учествуваат 14 актери од неколку генерации како Кирил Ристовски, Катина Иванова, Борче Начев, Владимир Ендровски Љац, Драгана Костадиновска, Сашка Димитровска и други, улогата на Николај Ставрогин ја толкува Ѓорѓи Јолевски. Тој откако ќе забележи дека со темите како осаменоста, невозможното, емоциите, се сретнал пред некаде 18-тина години кога ја работел Калигула во Драмски театар, ќе рече дека тој лично во Бесови на својот омилен писател се бавел со:

„Да се справам со мојот поглед на светот, со емоциите и да видам дали ги
Такви ликови има во сите епохи, во сите држави, за жал тие постојат и уште еднаш се потврдува тезата колку е вонвременска
уметноста.
чувствувам онака како што ги има напишано Достоевски.“

Владо Јовановски, кој го игра Верховенски, потенцира дека во трите месеци додека биле затворени во ореовата лушпа и ја подготвувале претставата самиот минувал низ неколку фази бидејќи толкува лик на конспиратор, манипулатор и убиец кого не може да го оправда, но може да го разбере, бидејќи е таков зошто не почувствувал родителска љубов.

„Такви ликови има во сите епохи, во сите држави, за жал тие постојат и уште еднаш се потврдува тезата колку е вонвременска уметноста.“

Од друга страна, Арна Шијак или Марија Тимофеевна Лебјадкина во Бесови за сопствената метаморфоза ќе рече:

„Рецептурата да не се биде лош човек, секој пат е љубовта.“

Инаку, по подолго време во МНТ како сценограф се јавува ликовниот уметник Владимир Георгиевски, кој вели дека просторот нема само наративна туку и метафизичка димензија. Тој дополнува дека и самиот бил исправен пред полифониската структура на Достоевски кој бара длабоки размислувања и анализи за да може да се извлечат знаците што ќе ја покажат.
Кон ова само уште информацијата дека во севкупниот дизајн од особена важност се богатите костими на Елена Дончева и дека МНТ ангажирајќи двајца студенти од завршните години на ФДУ – Мирослав Петковиќ и Ненад Митевски, јасно става до знаење дека сериозно размислува за подмладување на сопствениот ансамбл и иднината на македонското глумиште.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG