Достапни линкови

Лидер на српска десничарска група осуден на две години затвор


повреден полицаец на геј парадата во Белград

повреден полицаец на геј парадата во Белград

Лидер на српска десничарска група беше осуден на две години затвор поради инволвираност во организирањето на немирите против учесниците на геј парадата во Белград во октомври минатата година. Врховниот суд во главниот град на Србија им изрекол затворски казни и на уште неколкумина екстремисти кои ги нападнале полицајците кои ги обезбедувале учесниците на парадата. Судот го прогласи за виновен лидерот на десничарската екстремистичка група „Образ“ Милан Обрадовиќ кој, согласно обвинението, организирал групи луѓе кои нападнале 140 лица, повеќемината полицајци, за време на парадата.
XS
SM
MD
LG