Достапни линкови

Средба Иванов - Лавров, се разговарало за гасоводот Јужен поток


Ѓорѓе Иванов (лево) на средбата со Сергеј Лавров

Ѓорѓе Иванов (лево) на средбата со Сергеј Лавров

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид имаше средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров. Како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, особено значаен дел од средбата бил посветен на перспективите кои се отвораат меѓу двете држави во поглед на планираното поврзување на Република Македонија на проектираниот гасовод Јужен Поток. Шефот на државата изразил уверување дека реализирањето на овој проект ќе овозможи значителен економски подем на Република Македонија, обезбедувајќи достапен и сигурен извор на енергенси.
XS
SM
MD
LG