Достапни линкови

Вработувања пред избори?


Илустрација: Училиште. Нови вработувања во образованието

Илустрација: Училиште. Нови вработувања во образованието

36 нови лица се примени во средното битолско училиште „Таки Даскало“, за работен ангажман на одредено време до крајот на учебната година.

Ова предизвика реакции кај опозицијата која обвини дека се партизира образованието во Битола. Од СДСМ посочија дека во училиштето сега се ангажирани пет психолози, додека другите училишта имаат по еден или ни еден психолог.
Стручен соработник психолог за кој се бара еден извршител со полно работно време, а се примаат уште тројца психолози со пола работно време. При тоа еден психолог веќе работи во „Таќи Даскало“ 17 години. На оваа слика од партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ јасно се гледа учеството на двајца од психолозите. Сите монтирани огласи за вработување во образованието имаат само една краткорочна цел, нашите граѓани да обезбедат гласови под притисок.

„Стручен соработник психолог за кој се бара еден извршител со полно работно време, а се примаат уште тројца психолози со пола работно време. При тоа еден психолог веќе работи во „Таки Даскало“ 17 години. На оваа слика од партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ јасно се гледа учеството на двајца од психолозите. Сите монтирани огласи за вработување во образованието имаат само една краткорочна цел, нашите граѓани да обезбедат гласови под притисок“, изјави Наташа Петровска од СДСМ.

Деновиве опозицијата објави и електронска преписка меѓу Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и образованите установи во која се бара да бидат евидентирани сите вработувања откако партијата е на власт.

„Госпоѓата Снежана Петровска досегашен советник за образование вработена во општината партискиот документ го прерпаќа до 23 основни и средни училишта. Се испраќа формулар за да се евидентираат сите вработени од 2006 до 2011 година. Целта е јасна секој што добил вработување ќе мора да обезбеди гласови доколку сака да го задржи своето работно место“, обвини Весна Бендевска од СДСМ.

За власта, списоците се евтина монтажа на СДСМ. Анита Анѓелевска, која е директорка на „Таки Даскало“ и лице за односи со јавноста на ВМРО-
Јас сум многу среќна што во моето училиште екипираноста на педагошко- психолошката служба е една од најдобрите во цела Македонија.
ДПМНЕ во Битола, одговори „ова е сериозна партија и целата комуникација ја води на меморандум со официјален потпис и печат, се друго не може да биде сериозно третирано.“

Таа ангажираноста на психолозите ја правда со големиот број на ученици.

„Јас сум многу среќна што во моето училиште екипираноста на педагошко- психолошката служба е една од најдобрите во цела Македонија зашто и нашето училиште е едно од најголемите во државата. Интенцијата на Министерството за образование беше во сите училишта да ги засили педагошко-психолошките служби да ги екипира зашто за тоа се јавува неминовна потреба“, вели Анѓелевска.

Сепак, во училиштето покрај петтемина психолози има еден педагог и ниту еден социјален работник.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG