Достапни линкови

Франција ќе испрати воени посредници во Либија


Група млади луѓе од Либија бараат странска интервенција во градот Мисрата

Група млади луѓе од Либија бараат странска интервенција во градот Мисрата

Франција ќе испрати воени посредници во Либија кои би требало да им понудат подршка на бунтовниците кои му се противат на лидерот Муамар Гадафи. Претставник на владата денеска изјави дека мал број на посредници ќе се постават во либијскиот Трансзициски Национален Совет со цел да организираат заштита за цивилното население. Владиниот портпарол Франкос Бароин нагласи дека Франција нема планови за испраќање на пешадиски воени единици во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG