Достапни линкови

Средба Лавров-Милошоски


Министрите за надворешни работи на Македонија и на Русија, Антонио Милошоски и Сергеј Лавров на средба во Охрид.
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Русија, Антонио Милошоски и Сергеј Лавров на средба во Охрид.

Поделбите од типот, или сте со Европа или со Русија, е застарена матрица која не фунционира. Руско-македонските односи имаат самостојна вредност, изјави Лавров.

Застарена е матрицата за поделба на земјите на источни и западни од ерата на Студената Војна која е зад нас, како и инстиктите во се да бараме некоја скриена намера што повеќе не функционира во современиот свет. Главен принцип на надворешната политика на Русија е соработка со сите
За жал и одделни европски политичари покажуваат една таква појава кога одделни земји ги тераат да прават избор - Или сте со Русија или сте со Европа? Тоа е една многу застарена логика која веќе не функцинира во современиот свет. Нашите односи со Република Македонија имаат самостојна вредност, самостојно значење за секого од нас. Ние не се дружиме со Македонија против некого.
заинтересирани земји за заемна полза и рамноправност на што е подготвена и Македонија. Вака шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и неговиот колега, македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, по средбата во Охрид одговорија на прашањето дали по заобиколувањето на државниот секретар на САД Хилари Клинтон на Македонија при нејзината турнеја во регионов, со доаѓањето на Лавров во земјата се праќа сигнал за интерес за зголемување и проширување на руската моќ на Балканот.

„За жал и одделни европски политичари покажуваат една таква појава кога одделни земји ги тераат да прават избор - Или сте со Русија или сте со Европа? Тоа е една многу застарена логика која веќе не функцинира во современиот свет. Нашите односи со Република Македонија имаат самостојна вредност, самостојно значење за секого од нас. Ние не се дружиме со Македонија против некого“, порача Лавров од Охрид.

На прашањето дали Македонија од Запад, ЕУ и САД сега се „врти“ кон Исток и Русија, министерот Милошоски рече дека Руската Федерација ја гледа како европска земја, членка на Советот на организацијата за безбедност и соработка на Европа, постојана членка на СБ на ОН:

Претседателот Ѓорге Иванов на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Охрид.

„И држава која има многу плодна и продуктивна соработка со сите земји членки на ЕУ има силен и сериозен интерес за стабилен развој и економски напредок на Југоисточна Европа и сметаме дека ова пријателство и посета е еден влог во унапредување на тие заеднички цели.“

На средбата со Лавров било оценето дека меѓу Македонија и Русија нема отворени политички ниту други проблеми. Дека односите меѓу двете пријателски, православни земји се исклучително добри, дека земјава ќе е дел од проектот „Јужен тек“, гасоводот од Русија кон западноевропските држави кој се реализира од страна на руски Гаспром со партнерите од Европа, чија рута кон идните потрошувачи на природен гас е во фаза на разгледување.
61-годишниот дипломат и поет Лавров кој не кажа дали Русија ќе лобира за поскоро решавање на спорот за името, во Охрид се сретна и со премиерот Груевски и претседателот Иванов. На крајот од Балканската турнеја, Лавров кој вети дека овој исторски и духовен рај ќе го препорача за посета на руските туристи, за Велигден си замина дома со подарок - 150 години стара табакера со мотив од Охрид.
XS
SM
MD
LG