Достапни линкови

Русија да се спротистави на странско влијание, порача Путин


Премиерот Владимир Путин говори пред пратениците во рускиот парламент

Премиерот Владимир Путин говори пред пратениците во рускиот парламент

Премиерот Владимир Путин рече дека Русија мора да биде силна за да се спротистави на странско влијание. „Во денешниот свет, ако сте слаби, некој сигурно ќе се појави за да ве советува во која насока мора да се движите, каква надворешна политика треба да водите и што треба да направите за сопствениот развој. Ваквиот наводно добронамерен совет се чини не е лош, но зад него стои диктат и желба за мешање во внатрешните работи на независни држави“ рече Путин во говорот пред рускиот Дума, кој траеше повеќе од два часа. Тој додаде дека на Русија и` е потребен континуитет, предупредувајки против „нагли промени и експериментирање со неоснован либерализам или социјална демагогија“.
XS
SM
MD
LG