Достапни линкови

Предвремени избори како пречка за евроинтеграција на Србија?


Едвард Кукан

Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа, Едуард Кукан изјави дека штрајкот со глад не е начин за спроведување на политиката на опозицијата во Србија. Според него, предвремени избори не би донеле позитивни чекори за иднината на евроинтеграциите на земјата.

„Штрајкот со глад не е вистинска политичка мерка која се презема во ситуација кога времето е многу битно за државата. Со тој штрајк и со сето она што го следи, се попречува процесот во кој е неопходно решавање на други прашња од страна на Владата“, изјави Кукан.
XS
SM
MD
LG