Достапни линкови

Лавров: Не постојат отворени прашања меѓу Русија и Македонија


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Во односите меѓу Руската Федерација и Република Мајкедонија воопшто не постојат отворени политички прашања. Наша задача е само да ја продолжиме соработката, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по денешнатата средба во Охрид со неговиот домаќин министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. „Денешната средба е во насока на натамошно искористување на поврзаноста и тежнеењето за взаемна комуникација, која историски постои меѓу нашите земји за изградба на современи односи за развивање на соработката во духовно-култураната и во сферата на економијата и инвестициите, како што беше договорено на средбата на претседателите на Руската Федерација и на Македонија Медведев и Иванов минатата година во Санкт Петерсбург“ рече Лавров.
XS
SM
MD
LG