Достапни линкови

Романскиот министер за труд поднесе оставка поради вработување на сопругата


Романскиот министер за труд поднесе оставка од „морални причини“ по откривањето дека под неприфатливи околности ја вработил својата сопруга. Министерот Јон Нелу Ботис ја обелодени одлуката кога било откриено дека на еден проект во согласност со Министерството за труд, финансиран од една асоцијација на ЕУ, била вработена неговата сопруга која работела од дома. Таа заработувала месечно околу 2.000 евра. Откако властите почнале да го истражуваат случајот поради судир на интереси сопругата на Ботис исто така поднела оставка од работното место. Според медиумите, премиерот Емил Бок ја прифатил оставката на министерот.
XS
SM
MD
LG