Достапни линкови

Уредниците не се собраа на дебата за изборите во Македонија


Насер Селмани

Насер Селмани

Здружението на новинари на Македонија ја презакажа за следната недела дебатата со главните уредници и новинари на тема „Известување на медиумите пред, и за време на изборната кампања“, откако денешната помина со недоволен интерес од уредниците. Преседателот на Здружението Насер Селмани појасни дека целта на форумот била да ги соочат колегите со нивната одговорност за начинот како ќе ја покриваат изборната кампања во Република Македонија и како да продонесат за одржување фер и демократски избори.

„Како ЗНМ немаме цел да им утврдуваме уредувачка политика на медиумите. Само сакавме да се потсетиме на основните принципи и стандарди како се покрива во нормални земји изборната кампања, и што не смееме да направиме на тие избори како новинари и како медиуми“, рече Селмани.

Според него, ако навистина се убедени дека работат така како што треба, зошто тогаш, како што рече, „имаме проблем да седнеме тоа да го браниме и да аргументираме како професионаци“.
XS
SM
MD
LG