Достапни линкови

Нереди во Нигерија поради исходот од претседателските избори


Десетици луѓе биле убиени, а илјадници ги напуштиле своите домови поради нередите во северна Нигерија за време на претседателските избори. Муслимански напаѓачи палеле домови, цркви и полициски станици во знак на незадоволство од исходот на изборите, според кои, победи христијанскиот кандидат Гудлак Џонатан. Агенциите јавуваат дека христијаните пак, вршеле напади врз муслиманите. Нигерија, која е богата со нафта, има околу 150 милиони жители, главно поделени на христијански југ и муслимански север.
XS
SM
MD
LG