Достапни линкови

Триполи го критикува британскиот план да им помага на либијските бунтовници


Претставници на режимот на Моамер Гадафи предупредија дека, британскиот план за испраќање воени советници кои би им помагале на либијските бунтовници, само ќе ја влоши состојбата. Британската мисија ќе пропадне и само ќе ги пролонгира борбите, оценија властите во Триполи. Во меѓувреме, кај градот Мисрата продолжуваат борбите, а НАТО потврди дека силите лојални на Гадафи и натаму имаат воена моќ.
XS
SM
MD
LG