Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН без согласност за Јемен


Советот за безбедност на ОН не успеа да постигне согласност за заедничка изјава во врска со ситуацијата во Јемен. Според агенциските извештаи, Германија и Либан ги предводеле напорите за постигнување договор, меѓутоа иницијативите биле блокирани од Русија и Кина. Состанокот беше одржан по информациите дека јеменските сили повторно отвориле оган врз антивладините демонстранти, при што загинале три лица. Повеќе од 120 луѓе загинале во неколку месечните протести против 30-годишното владеење на претседателот Али Абдулах Салех.
XS
SM
MD
LG