Достапни линкови

Грузија и го запира транзитот на Русија до базата во Ерменија


Грузискиот парламент

Грузискиот парламент

Грузискиот парламент ја поништи спогодбата со Русија која на таа земја и овозможуваше транзит преку територијата на Грузија до руската воена база во Ерменија. Заменик- министерот за надворешни работи Нино Каландадзе оцени дека продолжувањето на овој договор не би било политички корисно поради руската агресија во 2008 година. Руската воена база се наоѓа на северот од Ерменија и во неа се сместени 5 илјади војници, а опремена е и со борбени авиони и противавионски ракети. Ерменија во минатата недела го продолжи наемот на базата до 2046 година.
XS
SM
MD
LG