Достапни линкови

Обраќање на Путин во Думата за руската економија


Владимир Путин

Владимир Путин

Рускиот премиер Владимир Путин денеска во долниот дом на парламентот- Думата, ќе има годишно обраќање за економската ситуација во земјата. Се очекува тој да ги изнесе плановите на владата за трошење на приходите од продажбата на нафта, главен извозен производ на Русија. Тоа ќе биде последно обраќање на Путин до пратениците пред парламентарните избори во декември, како и претседателските закажани за идната година. Не се очекува тој денеска да ги соопшти плановите дали ќе се кандидира на претседателските избори.
XS
SM
MD
LG