Достапни линкови

Унца злато над 1500 долари


Цената на златото вчера прв пат ја премина границата од 1500 долари за унца (околу 31 грам), со што ја проби важната психолошка бариера. До овој скок доаѓа поради пазарната несигурност која ги натерала инвеститорите да бараат алтернатива за слабиот американски долар, како и намалувањето на изгледите за кредитиниот рејтинг на САД. Во последните неколку месеци цената на златото постојано расте поради несигурноста на берзите предизвикана од настаните во арапските земји, како и од земјотресот, цунамито и нуклеарната катастрофа во Јапонија.
XS
SM
MD
LG