Достапни линкови

Турција ја обвини Европската унија за двојни стандарди


Турскиот министер за европски прашања Егеман Багис изјави за време на денешната посета на Словенија дека Европската унија има двојни стандарди при приемот на нови членки и нагласи дека на Анкара и требале 45 години за да почне преговори со Брисел. „Европа има проблем со кредибилитетот кога е во прашање Турција, на која членството и е ветено уште во 1959 година“ рече Багис, потсетувајќи оти на земјата и биле потребни 45 години од првата апликација за членство воопшто да ги почне преговорите во 2005 година, заедно со Хрватска. „Од 33 преговарачки поглавја до сега отворивме 13. Да немаше блокади досега би отвориле 29, бидејќи во хармонизацијата на законодавството ја извршивме својата домашна задача. Но не можеме да отвориме повеќе поглавја поради двојните стандарди кон Турција“ изјави главниот турски преговарач со ЕУ.
XS
SM
MD
LG