Достапни линкови

Николиќ штрајкува за „Србија да се претвори во нормална држава“


Томислав Николиќ во болница

Томислав Николиќ во болница

Лидерот на најголемата опозициска партија во Србија Томислав Николиќ денеска, на четвртиот ден од штрајкот со глад, изјави дека продолжува со својот протест, инсистирајќи на предвремени избори, независно од тоа што неговата здравствена состојба се влоши и доведе до негово хоспитализирање, пренесоа агенциите. Лидерот на Српската напредна партија престана да прима храна и течности во саботата во обидот да го натера претседателот Борис Тадиќ да определи датум за избори во Србија пред крајот на годината, каде многумина се незадоволни од економските тешкотии и бавниот напредок кон членство во ЕУ. „Подготвен сум да продолжам со штрајкот се додека биде неопходно Србија да се претвори во нормална држава“ изјави Николиќ, цитиран од американските медиуми. „Бубрзеите и срцето не ми се добри и ќе треба да почне нова терапија“ изјави Николиќ пред новинарите во својата болничка соба.
XS
SM
MD
LG