Достапни линкови

Братот на Фидел Кастро на чело на кубанската Комунистичка Партија


Раул Кастро е именуван за генерален секретар на кубанската Комунистичка партија, со што неговиот постар брат Фидел се повлече од партиските активности по 46 годишната политичка кариера. Одлуката со која 79 годишниот Раул стапи на челната позиција на партијата се противи на надежите за нова генерација на лидери кои би ја воделе Куба. Кастро за свој советник го избра 80 годишниот Рамиро Валдез. Само неколкумина помлади членови беа назначени во 15 члената лидерска група. Фидел Кастро се појави на церемонијата во Хавана на која присуствуваа 1,000 делегати.
XS
SM
MD
LG