Достапни линкови

logo-print

Јандроковиќ: Намалувањето на поддршката за влезот на Хрватска во ЕУ е привремено


Гордан Јандроковиќ

Гордан Јандроковиќ

Големото намалување на поддршката за членството на Хрватска во Европската унија, регистрирано по објавувањето на пресудата на Хашкиот трибунал против двајцата поранешни хрватски генерали е само привремено, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Јандроковиќ. Тој истакна дека резултатите од анкетата не ја изразуваат реалната ситуација на теренот. „Треба да се има предвид дека поддршката на хрватските граѓани изминатите неколку години беше стабилна и се движеше од 55 до 60 проценти и јас сум уверен дека уште на следните избори ќе се забележи зголемување на поддршката“ изјави Јандроковиќ во Брисел.

XS
SM
MD
LG