Достапни линкови

Црна Гора ќе екстрадира осомничен за воени злосторства во Србија


Црна Гора ќе го екстрадира во Србија босанскиот граѓанин Ранко Момиќ, кој е обвинет дека на 14 мај 1999 година учествувал во убиство на 44 цивили косовски Албанци во селото Чушка. Момиќ ќе биде суден за воени злосторства од Високиот суд во Белград. Екстрадицијата во Србија ја побара српското Министерство за правда и беше одобрена од црногорскиот министер за правда Душко Марковиќ кон крајот на март. Момиќ е поранешен член на српската паравоена група „Чакали“ која дејствувала во Косво за време на конфликтот.
XS
SM
MD
LG