Достапни линкови

Концерт на Димовски со славните „Загребски солисти“


Илин Диме Димовски на концертот со „Загребски солисти“
Илин Диме Димовски на концертот со „Загребски солисти“

Младиот македонски контрабасист Илин Диме Димовски, гостин на славниот камерен оркестар Загребски солисти, во праизведбата на делото Crime and Punishment на австралискиот композитор Метју Хиндсон.

Да се застане на иста сцена и да се музицира заедно со прочуените Загребски солисти и тоа во светска праизведба на едно дело не е мала работа. А, ако притоа станува збор за творба напишана за оркестар и соло контрабас каква што е Crime and Punishment на австралискиот композитор Метју Хиндсон и згора на тоа концертот биде одржан во музејот Мимара на еден од најпознатите фестивали за современа музика – Музичкото биенале во Загреб,
Беше многу голема чест да свирам со нив, дури бев и изненаден. Тие се многу познат ансамбл од Хрватска.
тогаш сосема разбирливо е што младиот македонски музичар Илин Диме Димовски и не треба да го крие задоволството. Нему, иако цврсто стои на земја, сонот полека почнува да му станува реалност.

„Беше многу голема чест да свирам со нив, дури бев и изненаден. Тие се многу познат ансамбл од Хрватска.“

Контрабасистот Илин Диме Димовски

Илин дополнува дека се работи за современо дело во кое можат да се препознаат и нам добро познати музички мотиви.

„Композиторот на делото го знам, фино пишува, доста ефектно... Има некој негов стил, во кој што некогаш се наоѓаат и македонски дела бидејќи доаѓа од место во Австралија каде што мислам дека живеат околу 100.000 Македонци.“

Роден во Скопје 1982 година, Илин Диме Димовски своето музичко образование го започна во МБУЦ во класата на професор Благој Моротов. Уште како средношколец стана стипендист на Велс катедрал скул, по што следуваа студиите на лондонскиот Гилдхол факулти оф мјузик кај славниот Ринат Ибрагимов, за да постдипломските студии ги заврши на конзерваториумот Џузепе Тартини во Италија. Тој досега има настапувано со повеќе познати оркестри во Италија и во Холандија, а моментално е член на Загребската филхармонија.
Сум задоволен тука како оркестрален музичар, но работам понатаму и на соло настапи. По Загреб одиме во Шпанија, Италија...

„Сум задоволен тука како оркестрален музичар, но работам понатаму и на соло настапи. По Загреб одиме во Шпанија, Италија и ќе видиме понатаму.“

Димовски е свесен дека како контрабасист е многу тешко да гради успешна солистичка кариера, но верува во себе и во своите можности и се надева дека наскоро ќе добие и покана од оркестрите и камерните состави во земјава за настап пред македонската публика.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG