Достапни линкови

Агонија низ здравствениот систем


Семејство Хајчески

Семејство Хајчески

Иако со сериозна повреда на раката, Роберт Хајчески од Кичево „шета“ од клиника на клиника надевајќи се дека докторите ќе се нафатат да му извршат операција.

Семејството Хајчески од кичевското село Осој, исплашени за здравјето на својот 14-годишен син Роберт, кој во струен удар се здобил со тешки повреди на раката, бараат итна помош од Министерството за здравство. Несреќата се случила во нивната куќа на втори овој месец и од тогаш
Скопје не не примаат, ни Охрид, никаде. Сега детето јака болка има. Плаче месото му мириса, почна како гној да тече.
наместо да се изврши итна операција за пресадување на ткивото на надлактицата, докторите ги испраќаат од една до друга клиника на релација Кичево-Охрид-Скопје, без соодветна медицинска помош.

Во Кичево им рекле дека лекувањето треба да продолжи во коскозглобната болница во Охрид, а специјалистите од таму со објаснување дека не се во можност да извршат толку сложена операција, ги препратиле на клиниката за пластична хирургија во Скопје. Но, наместо операција, Хајчески повторно се вратени назад.

„Од 02.04 до овој денешен ден нема подобрување, ситуацијата се влошува. Целата рака десна рака, на надлактицата му скапува месото. Во Охрид во коскозглобна му се скрати месо некаде 2 сантиметри. Исто докторот во пластична хирургија му скрати уште 2 до 3 сантиметри. Значи од ден на ден, таа рана може да појде до раменицата и моето дете да остане без рака“, реагира таткото Хелмут Хајчески.

Состојбата на Роберт секојдневно се влошува

Тој вложува натчовечки напори да обезбеди пари за лекување на синот, бидејќи живеат со минимални 2.500 денари социјални пари, а имаат уште 4 други деца. Ниту Хелмут, ниту сопругата Елизабета немаат работа, па само за патот до Скопје биле принудени да молат и питачат, но велат се било попусто.

„Од една социјална помош од 2.500 денари, и таа не ми стигнува. До денешен ден јас што сум земал по луѓе пари, што ми помагале значи, јас треба тие пари да ги вратам.“
Од втори четврти до овој денешен ден нема подобрување, ситуацијата се
влошува.

А, сопругата Елизабета не криејќи ги солзите моли за помош, за итна интервенција, за да се санира раната на раката на нејзиното дете. Вели кога тоа плаче, таа не може да ја контролира својата болка, поради немоќта да му помогне.

„Скопје не не примаат, ни Охрид, никаде. Сега детето јака болка има. Плаче месото му мириса, почна како гној да тече“, низ солзи зборува мајката.

Хајчески се чувствуваат дискриминирани, зашто при најголемата мака што ја доживува нивното дете, никој не реагира. Тие го молат министерот Бујар Османи да преземе мерки итно да се изврши операција и да се санира целосно раката на нивното момче.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG