Достапни линкови

logo-print

Средба на министрите за надворешни работи на Србија и Русија


трасата на јужниот поток

трасата на јужниот поток

Министрите за надворешни работи на Србија и Русија, Вук Јеремиќ и Сергеј Лавров денеска во Белград изразија согласност дека односите на двете земји се пријателски, блиски и во нагорна линија, што ќе биде потврдено и со потпишувањето на договорот за стратешко партнерство. Овој договор ќе биде потпишан за време на посетата на српскиот претседател Борис Тадиќ на Москва, која се очекува во блиска иднина, а до крајот на годината е планирана и средба на премиерите Владимир Путин и Мирко Цветковиќ. Според српскиот министер за надворешни работи, голем дел од разговорите на денешната средба се одвивале околу економската соработка, а особено на енергетиката. Главен приоритет има проектот „Јужен поток“, но и новите проекти во областа на фармацијата и инфрастуктурата, за што Цветковиќ детално ќе разговара со Путин во Москва, изјави Јеремиќ.
XS
SM
MD
LG