Достапни линкови

ОБСЕ бара Албанија да избере народен правобранител


Мисијата на ОБСЕ во Тирана, е загрижена поради одолговлекувањето на изборот на Народен правобранител. Амбасадорот Еуген Волфарт денеска изјави дека е неопходно да се избере личноста која ќе раководи со оваа институција. Изборот на Народен правобранител е една од 12 препораки кои ги бара Европската комисија, но како последица на политичката криза во земјата до сега нема никаков предлог. Владејачкото мнозинство побара од опозицијата да предложи кандидат за Народен правибранител, кого заедно ќе го изгласаат во Собранкието. Опозицијата одби, тврдејки дека нема намера да постигне никаков договор со власта се додека претходно не се постигне транспарентност на изборите што се одржаа на 28 јуни 2009 година.
XS
SM
MD
LG