Достапни линкови

Претседателот Иванов за шпекулациите околу името


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги оцени како шпекулации информациите дека Македонија веќе постигнала договор со Грција за спорот за името, кој би бил објавен по изборите. Смета дека таквите шпекулации се штетни и побара политичките партии и јавноста да не влегуваат во ширење такви дезинформации.

„Таквите шпекулации се штетни за нашата позиција во преговарачкиот процес кој е во тек во ОН каде треба да се изнајде заемно прифатливо решение“, рече Иванов.

Запрашан дали по изборите очекува поширок консензус по прашањето за спорот со Грција, шефот на државата истакна дека веќе постои таков неформален национален консензус.

„Без разлика кој и да е на власт, треба да се знае што е во наш интерес, а тоа е да не се навлегува во идентитетските прашања, туку во процесот само се разговара за разликите околу името што е и во согласност со Резолуцијата на ОН“, рече претседателот.
XS
SM
MD
LG