Достапни линкови

logo-print

Заврши донаторската конференција за Чернобил


Виктор Јанукович (лево) се поздравува со Жозе Мануел Баросо

Виктор Јанукович (лево) се поздравува со Жозе Мануел Баросо

Околу 550 милиони евра се собрани на денешната донаторска конференција во Киев за изградба на заштитен оклоп околу нуклеарниот реактор во Чернобил. Украинскиот претседател Виктор Јанукович рече дека станува збор за прелиминарна цифра, додавајки дека државата ќе учествува со 29 милиони евра. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо е уверен дека на меѓународната конференција ќе се соберат 740 милиони евра со дополнителни донации. Настанот се организира пред одбележувањето на 25 годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил.
XS
SM
MD
LG