Достапни линкови

Вељаноски официјално покани набљудувачи на изборите


Трајко Вељаноски

Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски упати покани за набљудување на изборите до претседателите на Европскиот парламент Јержи Бузек, на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевљут Чавашоглу и на Парламентраното собрание на ОБСЕ Петрос Ефтимиу. Барањето за набљудувачи, како што соопшти кабинетот на претседателот на Собранието, е во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. Одржувањето фер и демократски избори и евроатлантскиот интегративен процес се клучен приоритет на Република Македонија, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG