Достапни линкови

Отворен хуманитарен коридор за западна Либија


Агенцијата на Обединетите нации за храна денеска соопшти дека почнала да пренесува намирници преку новиот хуманитарен коридор во западна Либија. Преку коридорот, како што е соопштено, ќе може да се пренесува доволно храна за прехранување на околу 50 илјади луѓе месечно. Храната ќе биде дистрибиурана во неколку градови, вклучувајќи го и Триполи. Во меѓувреме, силите лојални на Моамер Гадафи го продолжуваат бомбардирањето на градот Мисрата кој е под контрола на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG