Достапни линкови

Русија бара визно олеснување од САД


Дмитри Медведев

Визно олеснување за руските државјани кои патуваат во Соединетите држави, ќе биде главна тема на разговорите меѓу рускиот претседател Дмитри Медведев и неговиот американски колега Барак Обама во идниот месец во францускиот град Довил. Медведев изјави дека му испратил писмо на Обама со барање сериозно да го разгледа тоа прашање. Претходно премиерот Владимир Путин на средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден предложи укинување на визите за руските и американските граѓани.
XS
SM
MD
LG