Достапни линкови

logo-print

Штрајк со глад за целата политичка елита во Србија


Лидерот на опозициската Српска напредна странка Томислав Николиќ

Лидерот на опозициската Српска напредна странка Томислав Николиќ

Претседателот на Српската напредна партија Томислав Николиќ веќе четврти ден штрајкува со глад и со жед. Според многумина, со доста неуверлива цел изборите да се одржат еден месец порано од она што го нуди власта. Сепак, се стравува овој штрајк да не предизвика анархија во земјата.

За повеќето српски аналитичари штрајкот на Томислав Николиќ претставува опасен и радикален преседан кој и се заканува на политиката да излезе од институциите со што ќе и се нанесе штета на Србија на нејзинот пат кон европските структури.

Европската унија, пак, со апел до Белград разликите да се решаваат со нормални политички процеси и враќање на политичката борба во нормални институционални текови.

Српската напредна партија со штрајкот сака да испрати порака во Брисел дека во Србија владее општ хаос, но таа порака, според известувачот за Србија во Европскиот парламент Јелко Кацин, не може да се прифати.

Јелко Кацин

Затоа тој бара и од власта и од опозицијата да се вратат на главниот приоритет, вклучување на земјата во Европската унија за да се избегнат асоцијациите на парламентарната криза во Албанија.

„Србија не ги разбра пораките што во Белград ги донесоа претседателот на Европската комисија Баросо и комесарот за проширување Филе во врска со амбицијата на Србија да добие кандидатски статус. Изгледа дека во Србија нема посветеност за оваа стратегиска цел која, како што рече Баросо, е на дофат на раката. Ова криза води во правец што можеше да се види во Албанија, кога пратеници го напуштија парламентот и кога дојде до судири“, изјави Кацин.
Она што сега го имаме во Србија е резултат од тоа што со политика се занимаваат трули и расипани елити кои од поодамна најважните механизми за решавање ги имаат поместено надвор од институциите.

За социологот Иван Кузминовиќ, потегот на Томислав Николиќ претставува политички циркус при што предупредува:

„Доколку би имале на власт вакви луѓе кои со нелегитимни и политички ступидни методи се служат за тоа датумот на изборите да биде еден месец порано, верувам дека многу подобро нема да се однесуваат ни кога ќе бидат на власт.“

И за професор Владимир Павиќевиќ потегот на лидерот на Српската напредна партија е гротеска. Притоа тој додава:


„Она што сега го имаме во Србија е резултат од тоа што со политика се занимаваат трули и расипани елити кои од поодамна најважните механизми за решавање ги имаат поместено надвор од институциите.“

Затоа, како што додава Павиќевиќ, најдобра реакција на граѓаните на Србија ќе биде телеграма со поддршка до комплетната политичка елита во земјата да истрае во штрајк со глад и конечно да ги земат работите во свои раце.

Според него, на српската политичка сцена не постои натпревар на политички идеи и програми.

„Тука постои една мрежа на интереси што се развива внатре во таа политчка елита во целост. Тука мислам и на елитата во опозиција и на елитата на власт. Затоа мислам дека треба да дојде една нова генерација на политичари“, наведува професор Владимир Павиќевиќ.

Тој додава дека тука не станува збор само за луѓе со нови имиња, туку и со нови идеи кои ќе се натпреваруваат во тоа што е најдобро за Србија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG