Достапни линкови

Бомби пред канцеларии на ПАСОК во Атина


Рачно изработени бомби биле поставени од непознати лица во влезовите на политичките канцеларии во Атина на двајца претставници на владејачката социјалистичка партија ПАСОК.Две од трите поставени бомби експлодирале во политичката канцеларија на поранешниот министер за социјална политика Фани Петралија и причиниле незначителни материјални штети. Не експлодирала рачно изработената бомба во канцеларијата на Васо Папандреу, одговорна за прашањата за вооружувањето. Засега никој не ја презеде одговорноста за поставените бомби.
XS
SM
MD
LG