Достапни линкови

Зебари: акција против муџахедините во Ирак


Шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари

Шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари

Шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари изјави дека рацијата во Кампот Ашраф на 8 овој месец во која загинале 34 луѓе била со цел враќање на територијата што била под контрола на иранската Народна муџахединска организација. Оваа организација се бори за соборување на верските лидери во Иран, а нејзиното дејствување, како што во интервјуто за Радио Слободна Европа изјави Зебари, е забрането во Ирак. ,,Тоа не е мал камп. Станува збор за територија од 50 киломтери и ниедна земја во светот нема да толерира некоја странска организација да го нарушува нејзиниот суверенитет,, изјави Зебари.
XS
SM
MD
LG